Во скопската населба Карпош е исчезната повозрасна жена, која последен пат била видена околу 15:15 часот во дворот на училиштето „Петар Поп Арсов“.

Семејството апелира до граѓаните за помош. Жената изгледа како на фотографијата што е споделена во објавата, а во моментот на исчезнувањето носела розови тренерки и блуза на црно-бели пруги.

„Изгубена е мајка ми. Изгледа како на сликава, со истите розови тренерки и блуза на црно-бели пруги. Број за контакт 070/399-945“, стои во апелот.

Секој што ќе ја забележи жената се повикува веднаш да се јави во полиција или на телефонскиот број 070/399-945.