Синоќа околу 22:15 часот, во Полициската станица во Неготино бил пријавен случај на исчезнато лице. Пријавата ја поднел С.С. (40) од селото Тремник, кој информирал дека неговиот 22-годишен внук од брат, Диме Стојамиров, се оддалечил од семејниот дом.
Според пријавата, момчето имало здравствени проблеми, а од Секторот за внатрешни работи Велес соопштуваат дека се преземаат мерки за негово пронаоѓање.
Во исто време, локалната заедница на село Тремник преку Фејсбук објави повик за помош во потрагата.
„Се известуваат жителите на село Тремник, доколку се во можност, да ги проверат своите гаражи, штали, помошни простории, шупи, со цел пронаоѓање на исчезнатото лице Диме Стојамиров од село Тремник. Доколку се забележи, веднаш да го известат МВР“, се наведува во јавната објава на социјалната мрежа.
Полицијата апелира граѓаните кои имаат било каква информација да се јават на 192 или да ја известат најблиската полициска станица. Потрагата по Диме Стојамиров е во тек.
Извор: Kanal 5