Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека станува збор за исплата на сите производители кои правно законски ги исполниле условите за добивање на финансиска поддршка по оваа мерка.
– Средствата се веќе легнати на сметките на сите производители кои што произведениот тутун го предале во регистрираните откупни центри: Тутунски комбинат Прилеп, Алијанс, Сокотаб, Пашоски, Секе, Орбита табак, Кавекс Балкан, Мисириан и Бако, рече Бачовски.
Од Агенцијата посочуваат дека висината на директните плаќања изнесува 80 денари по килограм за прва класа произведен и предаден тутун, 70 денари за втора класа и 60 денари за трта класа произведен и предаден тутун од реколта 2020 година.
Владата заедно со надлежните институции, потенцираат од АФПЗРР, и покрај пандемијата заедно со оваа исплата од почеток на годината на сметките на земјоделците исплати близу 3,5 милјарди денари за субвенции по повеќе мерки.