Историјата им ја продадоа на официјална Атина. Таа историја до средниот век ѝ ја продадоа на официјална Атина, а средниот век на официјална Софија, изјави синоќа во своето гостување во емисијата „За македонските работи“ на Алфа телевизија претседателот на МААК, Страшо Ангеловски.
Во своето обраќање тој се осврна на актуелните глобални процеси и нивното влијание врз земјата, посочувајќи дека геополитичките поместувања отвораат нов простор за меѓународно позиционирање.
„Не преживеавме целосно, но постои начин сето тоа да дојде онаму каде што му е место. За сето тоа зборуваат геополитичките случувања кои ги живееме. Посебно она што го нарекуваат, па дури и Доналд Трамп кој на својот профил го нарече втора Јалта, не ќе да е втора Јалта, но има една симболика во составот на трите најголеми држави, најмоќни држави во светот има една симболика и тоа навестува дека навлегуваме и ќе стасаме до новата Јалта кај што навистина ќе се разговара оти не можевте вие да очекувате на средба на шефови на три најмоќни држави во светот без пред тоа да има состаноци на технички групи, состаноци и средби кои со денови и недели ќе се одржуваат за да се усогласат нештата, не можете да очекувате што и да е“, рече Ангеловски.
Ангеловски средбата на Трамп, Путин и Џинпинг ја оценува како извонредна и насочена кон воведување на нов мултиполарен светски поредок, нагласувајќи дека доколку Македонија опстане на својот суверенитет, ќе добие можност повторно да се избори за сопствениот национален идентитет.
„Како прв чекор беше извонредна средба кон воведување на тој целосен мултиполарен светски поредок, во кој Трамп на третиот ден откако по втор пат беше избран за претседател рече дека светот мора да стане поле за натпревар на националните идентитети, на суверени национални идентитети. Во таква констелација доколку скоро дојде и Република Македонија ако опстане на својот суверенитет ќе има можност да влезе повторно во битка за освојување на сопствениот национален идентитет и како таква да влезе во компетиција, во натпревар со останатите“, смета Ангеловски.
