Преземање мерки за правни лица
Истражителите по наредба на Основното јавно обвинителство Струга утврдија дека две правни лица од Велешта вршеле кршење, ископ и транспорт на карпи во поголем обем непосредно до изворите во селото Шум. Сомнежите се за кривични дела – Незаконита експлоатација на минерални суровини (чл. 225-а) и Загадување на водата за пиење (чл. 219 од Кривичниот законик).
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за мерки на претпазливост: забрана за правните лица да пристапуваат до парцелите каде вршеле ископ и забрана да извршуваат какви било активности на подрачјето.
Продолжување на истражните дејствија
Основното јавно обвинителство Струга продолжува со преземање мерки за обезбедување докази и испитување на евентуалната кривична одговорност. Целта е да се утврди одговорноста за енормното загадување на изворите во Шум, од каде градот Струга се снабдува со вода за пиење.
