На 1 ноемвери во Италија заврши забраната за отпуштања на работници, која беше донесена во февруари 2020 година поради пандемијата на Ковид – 19. Меѓутоа медиумите пишуваат дека половина милион луѓе даваат откази на секој три месеци.

Вработеноста и економијата во Италија бележат три необични феномени: на компаниите им е исклучително тешко да пронајдат работници, жените се помалку се враќаат на работа во однос на мажите и никогаш, како до сега, толку луѓе не одлучиле да ги напуштат своите работни места.

Во август оваа година, веќе 57 % од мажите го надоместиле изгубеното работно време од јануари 2020, до јануари 2021 година, т.е. во најлошите моменти на рецесијата предизвикана од ковидот, додека овој поцент кога се работи за жените е значајно понизок – 36 % до август оваа година.

Во првата година од пандемијата во Италија (блокадата на откази поврзана за лица кои имаат договор на определено време) 530,000 мажи и 356,000 жени ги изгубиле своите работни места. Податоците на италијанската банка покажуваат дека на жените им е тешко да ги усогласат работата и семејните обврски, па не се враќаат на работа и не мораат повеќе да плаќаат за бејбиситерки и помош во домот, на што во најголем дел од случаите, се трошела нивната цела плата.

Засега се уште е рано да се каже што е точната причина за овој феномен, дали е последициа на повеќемесечниот „замрзнат“ пазар на труд и јавните политики усвоени за време на кризата или планираното напуштање на одредено работно место кое било одложено за време на пандемијата или вработените дошле до некој вид на „просветлување“ и одлучиле кочено да побараат работа која повеќе одговара на нивното образование и потреби.

Можно е и кризата предизвикана од пандемијата да го забрзала феноменто на мигрирање на работната сила од секторите кои се во криза, како угостителството и туризмот, во оние кои се во пораст како здравствениот сектор и новите технологии.

Во двата случаи, било да се работи за привремена или трајна појава, ќе биде потребно да се истражат последиците на отказите на работниците, бидејќи се уште не се знае дали оние кои ги напуштаат работните места, потполно излегуваат на пазарот на трудот или само ги менуваат работните позиции.