На 06.10.2026 во 22:50 часот во СВР Скопје, Ш.С. пријави дека на подрачјето на Шуто Оризари, нејзината 25-годишна ќерка била пресретната од нејзиниот поранешен невенчан сопруг Е.К.(25), кој претходниот ден побегнал од Затвор Струмица, по што физички и со тврд предмет ја нападнал, а потоа насилно ја зел со себе, информира МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
