Во текот на вчерашниот ден Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски за само неколку часа ги собраа потребните 10.000 граѓански потписи за учество во претседателската трка. Од Кабинетот на Пендаровски соопштија дека тој го минал потребниот законски праг на граѓанска поддршка. И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски потврди дека Силјановска-Давкова ги собра потписите, и изрази уверување во нејзина победа.

Како што објави Радио Лидер, професорката Силјановска Давкова собрала 21 илјада потписи само до 16 часот. Оттука, јасно е дека народот праќа јасна порака дека е време за промени. Политиките на СДС и Стево Пендаровски се поразени со тоа што народот масовно ја поддржа Силјановска Давкова.

До 16 часот се собрани повеќе од 21 илјадa потписи за Гордана Силјановска Давкова

Во текот на вчерашниот ден дел од регионалните канцеларии и одделенија на Државната комисија, осамнаа со редици граѓани кои чекаа да се потпишат за својот кандидат.

Граѓаните се надеваат на промени, европска перспектива, но и бранење на националното достоинство.

Силјановска Давкова најголем фаворит за претседател

Професорката Силјановска Давкова која е најголем фаворит според сите анкети за претседател упати голема благодарност, но и надеж за промени.

Голема благодарност за поддршката! Мислам дека е во прашање човечки и граѓански пркос, меѓутоа уште повеќе надеж дека пред нас се големи промени. Мислам дека е тоа знак за длабоки реформи. Уште еднаш се докажа дека овој народ не заслужува ваква власт. Народот легитимира, народот делегитимира. Јас сум му бескрајно благодарна за легитимацијата, вели професорката Силјановска Давкова.

И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ убедлив дека се ближи голема победа за неговата партија. Мицкоски вели дека народот се враќа по своето достинство.

Ова е сериозен патоказ дека народот бара промени и дека доаѓа крај на понижувањата, одземеното достоинство и време кога Македонија ќе стане горда држава каде има надеж и иднина!“, стои во неговата објава на Фејсбук.

Пендаровски се надева на двојна победа на СДСМ

Од друга страна пак, Пендаровски со критики кон ВМРО-ДПМНЕ и најава за двојна победа на СДСМ.

Мојата проценка е дека не само на претседателските, туку и на парламентарните избори, СДСМ и коалицијата, ќе ја направат коалицијата која ќе ја води Македонија во следните 4 години. Значи, јас очекувам двојна победа, затоа што македонските граѓани знаат дека алтернативата на ова што го нудиме, со сите грешки што ги признаваме и за кои јавно сме се извинувале и ќе се извинуваме, е заробена држава, е малтретирање на администрацијата на оние кои не се нивни, криминал од енормни размери и тотална изолација на државата од евроатлантските интеграции, рече ток.

Кои се останатите претсседателски кандидати?

Минувајќи го потребниот праг за потписи, Силјановска и Пендаровски им се придружија на останатите петмина кандидати кои ги собраа потребните потписи, Бујар Османи од ДУИ, Максим Димитриевски од За наша Македонија, Арбен Таравари од Алтернатива, Билјана Ванковска од Левица и Стевчо Јакимовски од ГРОМ. Останатите кандидати засега имаат собрано значително помал број на потписи, а најмногу меѓу нив имаа Мерсиха Смаиловиќ од Партијата на Бошњаците и независниот кандидат Вело Маркоски, за кои се потпишале по околу 1.400 лица.

Инаку, во истите овие подрачни канцеларии и одделенија на Државната изборна комисија во кои граѓаните се потпишуваат за претседателските кандидати, може да се изврши и увид во Избирачкиот список и да се поднесе барање за впишување, промена или испишување. Увид во избирачкиот список граѓаните може да извршат и на интернет страната на Државната изборна комисија.

Претседателските избори во првиот круг се одржуваат на 24 април, а вториот круг на 8 мај.