Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин.
Судот во Хаг го обвинува Путин за воени злосторства извршени во Украина.
Во соопштението на Меѓународниот кривичен суд се вели дека постојат разумни основи да се верува дека и Владимир Путин и неговата комесарка за правата на децата, Марија Алексеевна Лвова-Белова, се одговорни за: Воено злосторство, илегална депортација на населението и нелегално преселување на население од окупираните територии на Украина, на штета на украинските деца.
Поради слични обвинувања, судот со седиште во Хаг денеска издаде и налог за апсење на Марија Алексеевна Лвова-Белова, комесарка во Канцеларијата на претседателот на Русија за правата на децата.
Засега Кремљ не објави коментар за таквата одлука.