– Средствата што се доделени преку обврзниците државата ќе ги исплаќа на десетгодишни рати со годишна камата од 2 проценти, информира Министерството за финансии.
Во соопштението од ресорното Министерство се наведува дека државата може во секое време да изврши откуп на обврзниците за денационализација пред рокот на нивното достасување според условите, начинот и постапката што ги утврдува Владата.
Тргувањето со обврзниците ќе се врши на Македонската берза, со посредство на брокерските куќи и банките членки на Берзата.
Пред рокот на нивното достасување, граѓаните може да ги користат обврзниците за отплата на станови во општествена сопственост.