Излезноста на вонредните парламентарни избори во Србија до 19 часот достигнала 67,8 отсто, според процената на невладината организација ЦРТА. Маргината на грешка изнесува 0,9 процентни поени, соопшти организацијата преку социјалната мрежа Икс.

Во споредба со претходните парламентарни избори во 2023 година, излезноста е повисока. Тогаш до 19 часот гласале 55,5 отсто од запишаните избирачи, наведува ЦРТА.

Избирачките места во Србија се затвораат во 20 часот.