Оваа ситуација им овозможи на здравствените власти, во земја со население од 9,3 милиони жители, да почнат со укинување на ограничувањата на рестриктивните мерки кои ги наметна болеста Ковид-19, така што животот во Израел полека почна да се враќа во нормала.
Дистрибуцијата на вакцината „Фајзер“/ „БиоНТек“ во земјата почна во декември, а се имунизира популацијатата над 16 години.
Вакцината се смета за целосно ефикасна една недела по втората доза.
Министерот за здравство, Јули Еделштајн, во изјавата со која го најави новиот пад на бројот на нови случаи со коронавирус, ги повика Израелците да ги следат здравствените препораки за „коронавирусот да не се врати“.