Според Фајзер, не е забележана поголема стапка на ова заболување отколку што обично се очекува кај општата популација.
Израелскиот координатор за одговор на пандемијата Нахман Аш рече дека прелиминарната студија покажала десетици појави на миокардитис што се случиле кај повеќе од пет милиони вакцинирани лица, пред сè по втората доза.
Аш додаде дека не е јасно дали ова е невообичаено високо и дали е поврзано со вакцината.
Kако што е соопштено, повеќето случаи се пријавени кај лица на возраст до 30 години.