Фарук Буки е осуден на затворска казна во траење од 3 години, а Весна Колевска и Бранислава Владичевска добија условна казна во траење од една година.
Досега од обвинетите кои признаа вина, шестмина добија затворски казни од 1 година и 7 месеци до 2 години и 7 месеци, а еден условна.
Во овој случај беа обвинети вкупно 11 лица, од кои 10 вработени во МВР и еден посредник. Седум од нив признаа вина.
Според ОЈО Скопје, пасошите се издавале во периодот од јуни 2017 до крајот на 2020 година. Биле издадени пасоши на 214 странски државјани и на еден македонски државјанин.