Се врши надзор
Во согласност со Одлуката на Владата за посебни услови за трговијата на одделни стоки извршени се над 60 надзори на цела територија на Република Северна Македонија. Издадени се 8 прекршочни платни налози во висина од над 1.196.000 денари, а кај останатите субјекти постапките се во тек, информираат од ДПИ.
Продолжува контролата
Денеска се контролираат бурекџилниците, помалите маркети и останати трговци на мало. Излезени се 47 тимови на терен, односно 135 инспектори на ниво на цела Република Северна Македонија.
Строги контроли по воведувањето на мерката за намалување на цените
Толеранција нема да има и трговците имаат обврска да ја почитуваат Одлуката, велат од ДПИ.