Како што посочуваат од МВР, од вкупниот број на санкции, 11 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 97 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 108 надвор од населено место.
Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.