Астронаутите излегоа од кинеската вселенска станица и се запишаа во историјата бидејќи станува збор за првата кинеска вселенска прошетка во тандем. Ова е и втората вселенска прошетка во историјата на Кина.
Астронаутот Боминг Лиу прв ја напушти станицата, а потоа излезе и Хонгбо Танк. Командантот на мисијата Хаишенг Ние остана во модулот Harmony of the Heavens како поддршка.
Двајцата астронаути беа облечени во нови кинески вселенски одела, а за задача имаа да инсталираат компоненти кои ќе им помогнат на Кинезите да ја комплетираат новата вселенска станица до 2022 година.
Вселенската прошетка, 380 километри над површината на Земјата, траеше околу седум часа. Втората вселенска прошетка е планирана кон крајот на годината.