Ноќва во 01.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.Ј.(38) од Куманово, затоа што со остар предмет нападнал и повредил вработена на Инфективното одделение во Општата болница Куманово, соопшти МВР.
Насилникот бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Според информациите на „СДК“ од кумановската болница, медицинската сестра била нападната додека ги извршувала своите работни задачи во амбуланта, кога од зад грб и пришол напаѓачот и ѝ ставил чаршаф на главата, по што почнал да ја дави и да ја удира. Таа паднала на подот, по што тој ѝ ја затнал устата со рака за да не може да вика. Ги земал ножичките за сечење газа од бирото и ја прободел во левото рамо и по вратот, по што жената се оневестила. Мешницата ја слушнале нејзините колешки и дошле да видат што се случува, при што ја нашле на подот со чаршафот на глава во бесознание. Откако ја освестиле веднаш повикале полиција и го алармирале обезбедувањето. Насилникот во меѓувреме побегнал.
Не е познато како тој влегол во зградата, бидејќи влезните врати на одделнијата се заклучуваат на полноќ, а пациентите кои доѓаат подоцна се најавуват на ѕвоно ако имаат потреба од лекарска помош. Се претпоставува дека можеби се криел во собите или тоалетите, или влегол преку некој прозор. Што точно се случувало ќе утврдат безбедносните камери на службата за обезбедување во болницата.