Планот на Јакимовски предвидува општина Карпош да обезбеди државно земјиште на кое младите брачни парови ќе можат да изградат типски куќи, за што ќе бидат ослободени и од комуналии. Целта на идниот градоначалник на Карпош е да им помогне на овие млади луѓе при решавањето на еден од најсериозните проблеми со кои се соочуваат при формирањето семејство, а тоа е обезбедување дом.

– Најголем проблем при формирање на младо семејство е обезбедување на работа и решавање на станбеното прашање. Имајќи предвид дека во општина Карпош квадрат стан достигнува веќе и до 1.400 евра, тоа значи дека за млад брачен пар купување на стан е невозможна мисија. Од тие причини, локалната самоуправа на потегот кај Злокуќани и во касарната Илинден, ќе издвои државно земјиште кое што ќе го стави на располагање на млади брачни парови да можат да изградат типски куќи. Истите ќе бидат ослободени од комуналии за да можат да направат дом за себе и за своето семејство, најави Јакимовски.