Гранџ рече дека на британската кралица ќе ѝ биде презентирана петиција со која ќе се бара репарација поради ропството за сите граѓани на Јамајка.
– Особено задоволство ни е да објавиме дека направивме понатамошни чекори кон барање репаративна правда за жртвите и потомците на трансатлантската трговија со робови, рече таа.
Барањето репарација за ропството е поддржано и од опозициската партија во земјата, Народната национална партија (ПНП). Јамајка е дел од британскиот Комонвелт и британската кралица официјално има титула кралица на Јамајка.