Состојбата која доведе до штрајк е долгорочна и не е тоа нешто што се случи за неколку дена и наставниците. Преговорите на СОНК почнаа уште во минатиот мандат на истата влада со променет премиер и министри, кога и се обратија на министерката Мила Царовска, но немаше разбирање. Потоа се обратија до новиот министер исто така да преговараат, и тој исто така кажа дека првото барање е на 3 март, а денеска сме 17 април и оттогаш до сега немаше ништо, значи никакви сигнали од страна на владата за она што се случува меѓу наставниците, вели проф. д-р Весна Јаневска, претседател на комисија на ВМРО-ДПМНЕ за образование и наука на денешната трибина насловена „Повисоки плати за просветниот кадар“.
Јаневска потенцираше наставниците земаат помала плата од просечната плата во државата, со што се доведени до ситуација на преживување со згазено достоинство.
-Не е во прашање само платата. Значи наставниците примаат помала плата од просечната плата во нашата држава што ги доведува до една незавидна состојба и состојба на зависност од власта и од многу други чинители. Оние кои очекуваме да бидат столб на државата да градат нови кадри, успешни кадри со компетенции, тие луѓе всушност се со згазено достоинство и сведени се на ситуација на преживување, рече таа.
Јаневска ја искоментира и изјавата на министерот за образование и наука Јетон Шаќири каде што побара од наставниците да се вратат на настава и да го прекинат штрајкот истакнувајќи дека учениците се секогаш на прво место, но владата мора да им го реши проблемот и да им го исполни барањето за покачување на нивните плати од 18 проценти.
-Ученикот и наставата се на прво место но владата е должна да им го реши проблемот и ургентно треба да им даде 18 проценти покачување што е минимално за да им се врати пристојниот живот. Не е тоа некаков луксуз кои што тие го бараат, туку тие бараат средства за нормален живот. Се друго што ќе понуди како и оваа усна понуда од 10 проценти е играње мајтап со наставниците и дополнително нивно понижување, смета Јанева.
Јаневска додаде дека пари за повисоки плати има, само треба владата да го сузбие криминалот кој што го прави, и наместо да троши пари за апетисани, скапи ручеци и да купува златни лажици да ги даде парите на наставниците.
-Владата вели криза било и нема пари во државата. Но, не е така, има пари во државата ако го сузбијат криминалот, ако на своите миленици на кои им даваат на подарок пари како што е ЕСМ, ако двајцата секретари на владата не ги потрошија парите, ако не купуваат златни лажици, апетисани, ако не трошат пари на ручеци за кои што стварно е назамисливо како може толку многу да чинат, тогаш ќе има пари на наставниците. На владата и е работа да си обезбеди пари, а доколку не знаат има кој знае, меѓутоа за тоа ќе треба промени и решението е многу лесно предвремени парламентарни избори, а ние на наставниците ќе им го дадеме тоа што им го ветуваме, истакна таа.
Јаневска го повика парламентарното мнозинство да го поддржи законот кој што ВМРО-ДПМНЕ ќе го поднеси во собранието за повисоки плати на наставниците и пред велигден наставниците да го добијат заслуженото покачување.
-И сега интервенираме со закон за кои не обвинуваат дека ние сме го кочеле, па затоа наводно не можеле да им ја покачат платата на наставниците. Се надевам дека тој закон најдоцна до утре или задутре ќе биде предаден во Собранието и ајде заеднички да го изгласаме и пред Велигден да им ја покачиме платата на наставниците, изјави таа.