Проф. Весна Јаневска, член на Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ, на својот фејсбук профил напиша:
Продолжуваме со образование и прашањата на кои се’ уште нема одговори.
1. Знае ли Министерката Мила Царовска дека резултатите од истражувањето спроведено меѓу наставниците за работа со деца со попреченост се најблаго кажано крајно загрижувачки?
2. По колку деца со посебни потреби ќе бидат инклудирани во настава во одделение со 30 првачиња?
3. Знае ли Министерката дека во Битола во едно училиште Училишниот одбир ја поништи одлуката на директорот за образовните асистенти поради приговори од одбиените кандидати? Сега како понатаму? До кога изборот, кога обуките?
4. Подготвени ли се училиштата за прием на ученици со попреченост и имаат ли сите училишта комплетен инклузивен тим?
5. Како ќе се инклудираат ученици со попреченност во руралните средини во комбинираните паралелки?
Министерке овие прашања, а и уште многу други, се неодговорени.
Денес е 21.08.2021 година, само 8 дена пред почеток на учебната година.