Јужноафриканската Република ја засилува подготвеноста на болниците бидејќи новата варијанта омикрон ја воведува земјата во четвртиот бран на коронавирус, соопшти денеска претседателот Сирил Рамафоса, повикувајќи ги сите да се вакцинираат со порака дека има доволно вакцини.
Првпат идентификуван во ЈАР минатиот месец, омикрон варијантата предизвика глобален аларм кај владите кои стравуваат од зголемување на бројот на заразени.
ЈАР минатиот понеделник потврди 2.300 случаи, а во петокот повеќе од 16.000.
Рамафоса во неделниот билтен соопшти дека се чини дека омикрон доминира меѓу новите случаи во повеќето од деветте провинции во земјата и ги повика луѓето да се вакцинираат против Ковид-19.