Јавниот обвинител на Македонија Љубомир Јовески денеска ќе се сретне со директорот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов на местото на автобуската несреќа на автопатот Струма, во Бугарија.

Средбата со Јовески, во изјава за БТА ја потврдил директорот на бугарската Националната истражна служба Сарафов.

Двајцата ќе се сретнат на местото на несреќата на автопатот Струма, каде што ноќеска излета и се запали туристички автобус со македонски таблици. Во несреќата загинаа најмалку 45 лица.