Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид во семејна куќа во која беше пронајдено безживотно тело на маж на возраст од 70 години.

-Со оглед на тоа што од екипите на Итната медицинска помош беше констатирана смрт со видливи изгореници на телото, надлежниот јавен обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот. Од место беа подигнати траги со цел да се утврдаат околностите под кои настапила смртта, се наведуав во соопштението од Јавното обвинителство.