На 07.09.2022 околу 17,15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во трговски центар на подрачје на Гази Баба, 16-годишник од с.Буковиќ, скопско кој бил забележан од вработените и обезбедувањето на трговскиот центар дека извршил кривично дело „кражба“, при обид за бегство, како што е пријавено, скокнал од височина и паднал, при што се здобил со тешки телесни повреди кои му биле констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.