Еврокомесарот за буџет и администрација, Јоханес Хан изјави дека го загрижува случајот со Северна Македонија и ги повика новите власти во Македонија да го почитуваат Договорот од Преспа и да работат на европската перспектива на секоја земја, но и да им помогнат на соседните земји.
„Што се однесува до случајот со Северна Македонија, тоа ме загрижува. Можеме само да ги повикаме сите страни, вклучително особено новата влада на Северна Македонија, да се држат до договорот од Преспа и да работат на европската перспектива на секоја земја, но и да им помогнат на соседните земји. Верувам дека оваа обврска особено на соседните земји, да им се помогне со доследни напори, ќе го поддржи целиот регион. Затоа што навистина верувам дека ако направиме одржлив исчекор, во случајот со Северна Македонија, тоа ќе има влијание врз целиот регион, на пример на разговорите меѓу Србија и Косово, кои треба повторно да се активираат со новата Комисија”, нагласува Хан.
Јоханес Хан, во Комисијата на Јункер (2014-2019) беше комесар за проширување и соседство.