Денес во населба Баби заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со директорите на јавните претпријатија, советниците и нашите сограѓани сме тука свечено да го пуштиме во употреба спортско рекреативниот центар кој опфаќа спортски терени кои се комплетно реконструирани со софистицирана тартан подлога, нови кошеви, голови, партерно и хортикултурно уредување на парковата површина, целосно осветлување, поставување на канделабри, инвестиција одвоена од буџетот на општина Штип во вредност од 3,5 милиони денари, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов.
-Ова е прва фаза од уредување на овој простор во најголемата населба во Штип, Баби, а следна фаза ќе биде издвојување на дополнителни 4,5 милиони денари за нова парковна површина веднаш до оваа содржина со што овој дел од градот ќе добие прекрасен лик, прекрасно катче во кое ќе уживаат сите генерации од најмлади со највозрасни Сакам да напоменам дека до овој момент на територија на Штип се одвиваат во неколку населени места градежни активности и се одвива градежната експанзија која ја најавивме и се надевам дека во наредниот период ќе произлезат капитални инвестиции и проекти со кои што ќе се подобри животот на сите наши сограѓани, вели Јорданов.