“Расправата за Скандалот на Онкологија: Притисоци, Обвинувања и Надежда за Одговорност”
Втор ден жестока расправа за ревизорскиот извештај на Клиниката за Онкологија. На собраниска клупа седна и државиот јавен обвинител Љубомир Јовески. Тој првично ги искара пратениците да не се мешаат во надлежностите на Обвинителството околу случајот со Клиниката за онкологија и им порача ако се притвори некој од онкологија ќе излезе дека собранието правело притисоци. Јовески не откри детали од истрагата и беше дециден дека нема никакви притисоци врз него.
“Ако ние утре определиме притвор за некого, ќе излезе дека Собранието ни правело притисоци. Овој извештај на Државниот завод за ревизија ви е познато дека е составен дел од доказите и неговото разгледување од кривично-правен аспект е директно мешање на законодавната власт во работата на јавното обвинителство”, вели обвинителот Јовески.
За дел од пратениците, самиот ревизорски извештај бил доволна причина досега некој веќе да е во притвор за скандалот на Онкологија. Пратеничката Дафина Стојаноска обвини дека од доктори,сестри директори и министри кои манипулирале со здравјето и животот на пациентите болни од рак свесно знаеле што прават, и скандалот го нарече намерно убиство.
“Прво, згрозена сум како може ваков скандал и афера да се релативизира со терминот настан. А, второ да имаше свест и совест од оваа власт уште истиот ден на втори септември Владата ќе си поднесеше оставка. Овде не се работи ниту за настан, ниту за несреќа. Овде се работи за злосторство, за убиства и тоа со намера“, нагласи Дафина Стојаноска.
Дека треба да има одговороност се согласија и пратениците од власта.
„Во иднина никој не смее да си дозволи такво нешто и тука политика нема. Мене не ме интересира дали докторите се од една, друга, трета, петта партија, која националност или веросиповест. Ме интерсира парите за кои сум гласал да се дадат на луѓето“, порача Ненад Коциќ.
Собранската Комисија за финансирање и буџет и Анкетната комисија започнаа со истрагата на скандалот на Онкологија и се очекува да продолжат со нивната работа. Во наредните денови, поранешниот министер за здравство Венко Филипче и актуелниот прв човек на здравствениот систем Фатмир Меџити ќе бидат наредниот фокус на вниманието.
Извор: Алфа