ЈСП Скопје информира дека од утре, петок (15.07.2022 година) Жичарницата и трите автобуски линии до Средно Водно ќе продолжат со вообичаена работа.

Согласно Одлуката за работно време за Жичарницата, таа работи секој ден, освен понеделник и секој последен вторник во месецот, од 10 до 20 часот, при што во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу.

Потсетуваме дека до Средно Водно сообраќаат три линии:

25 (Транспортен центар – Средно Водно), сообраќа секој ден освен понеделник

25А (Автомакедонија – Средно Водно), сообраќа само за викенд и држ.празник

25Б (Дом на печат – Средно Водно), сообраќа само за викенд и држ.празник

Превозот со сите три линии за време на викенд и држ.празник се бесплатни за сите категории патници/граѓани, стои во соопштението од ЈСП Скопје.