Торинскиот клуб го претрпе најголемиот пораз во Лигата на шампионите во последните 63 години.
Во октомври 1958 година, Јувентус загуби од австриски Винер со 7:0 во прелиминарното коло од тогашниот Куп на шампионите.
Последен пат Јувентус загуби со четири гола разлика во февруари 2004 година на натпреварот против Рома (0:4).
По пет кола во Х-групата, Јувентус и Челзи со по 12 бода се пласираа во плејофот од Лигата на шампионите, Зенит е трет со четири бода и ќе продолжи во баражот за Лигата на Европа, последен е Малме со само еден освоен бод