Јувентус се извлече од ново одземање на бодови поради финансиките малверзации на поранешната управа.
Италијанското обвинителство постигна договор со најтрофејниот италијански клуб околу лажирањето вистините на платите и провизиите исплатени кон агентите. Се најавуваше ново одземање на два или три бода, но сепак „старата дама“ за овој случај помина со парична казна.
Клубот ќе мора да плати казна во висина од 720.000 евра, а прифаќањето на договорот помеѓу обвинителството и Јувентус значи дека и дефинитивно нема да има нови санкции кон клубот од Торино.
На Јувентус сезонава прво му беа одземени 15 бодови кои му беа вратени, за потоа пред крајот на сезоната да му се одземат десет бодови. Случајот со денешната пресуда за клубот би требало да е завршен.
Но, за разлика од Јувентус, поранешниот претседател Андреа Ањели одби да признае вина за скандалот и за него е закажано рочиште на 15-ти јуни.