-Министерот за здравство, Звели Мкизе… информира за завршувањето на продажбата на купените вакцини на AstraZeneca. Министерството последните седмици мораше да осигури сите земји членки назначени од тиот за набавките на вакцините во ЕУ како примителите на вакцините да ги исполнат барањата и ги добија сите регулаторни одобренија, дозволи и лиценци за дистрибуција на вкацини во соодветените земји, се наведува во соопштението.

Јужноафриканското министерство наведува и дека првите количества од вакцините ќе бидат дистрибуирани меѓу девет африкански земји. Меѓутоа, листата на земјите каде што ќе бидат редистрибуирани вакцините не е наведена.

Во февруари беше објавено дека јужноафриканските власти одлучија да го запрат користењето на имунизацијата на населението со вакцината на „AstraZeneca“, бидејќи истражувањето покажало нејзина ниска ефикасност против јужноафриканскиот сој, идентификуван како B.1.351.

Претставникот на синдикатот на јужноафриканските здравствени работници и деуг служби, Кевин Халама, изјави деја јужноафриканските власти треба да продадат милиони дози од вакцината на „AstraZeneca“ на Африканската унија.