Главниот и одговорен уредник на Радио Лидер, Љупчо Златев ја коментира денешната лидерска средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и информациите кои се појавија во јавноста по лидерската средба за тоа кој што понудил и кој што одбил.
Во продолжение неговиот став
Се изначитав на глупости по социјалните мрежи, дека наводно Мицкоски некако издал за уставните измени. Спремав испит, па дури пред малку целосно ги погледнав него и Ковачевски. Видов дека се совпаѓаат во изјавите и дека се е јасно.
Значи, да резимираме:
-Ковачевски понудил широка влада која ќе направи уставни измени, а Мицкоски ја ОДБИЛ, затоа што побарал во неа да не е ДУИ и истата наместо уставни измени да донесе одложени уставни измени кои би важеле по нашето влегување во ЕУ. Во исто време, Мицкоски побарал од земјите од ЕУ да бараме гаранции за идентитетот, но и реципроцитет “Ако Бугарите влезат во нашиот устав, Бугарија да ги почитува правата на нашите во Пиринска Македонија.”
Што не е јасно и каде е овде предавството?, прашува Златев