Потврден договорот за НЕС

На седница на Комитетот за управување со Националниот Едношалтерски Систем, со која денеска претседаваше вицепремиерот Александар Николоски, беше потврдено успешното завршување на тендерската постапка, како и информацијата за склучување на Договорот со најповолниот понудувач за испорака и инсталација на новиот едношалтерски систем НЕС.

Николоски истакна дека Националниот Едношалтерски Систем претставува еден од најзначајните проекти за дигитализација и модернизација на постапките со увозот, извозот и транзитот на стоки. Неговата цел е да обезбеди единствена електронска платформа преку која компаниите ќе можат побрзо и поефикасно да ги спроведуваат законските постапки поврзани со надворешната трговија.

Рокот е до 2027 година

Според Договорот, избраниот Конзорциуми има обврска до крај на 2027 година да го операционализира системот и да го стави во функција. Овој софтвер подразбира дека во иднина сите дозволи за увоз, извоз и транзит, како и плаќањето, ќе се одвива по електронски пат на една точка.

Што треба да донесе реформата?

Целта на реформата е да ја олесни трговијата преку рационализација на процесите при апликација и издавање на дозволи, да се постигне размена на податоци меѓу сите инститиуции на национално ниво, подобра соработка како и координирани активности во рамки на овој систем.

Дел од регионален проект

Република Македонија е дел од проектот за олеснување на транспортот и трговијата во земјите од Западен Балкан, каде една од компонентите е имплементацијатa и овој Национален Едношалтерски Систем што подразбира целосна замена на тековниот систем за управување со дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки со нов систем.