На 11 март, на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, на меѓуградска автобуска станица, обвинетиот држел 194 грама марихуана. Дрогата наменета за препродажба била скриена во неговата патна торба, а овластени службени лица ја пронашле и му ја одзеле, се вели во соопштението од ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог да биде продолжена претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, бидејќи се уште постои опасност од бегство и можност тој да го повтори делото.​​