Полициски службеници на СВР Тетово-Отсек за економски криминал вчера во периодот од 15.15 часот до 18.15 часот, ги лишиле од слобода В.О.(33) и Б.О.(53) од Тетово, поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „повреда на авторско право и сродни права“, казниво по член 157 од Кривичниот законик.

– При претрес извршен со судска наредба во домот и помошни простории на В.О. на ул.„185“ и во неговите деловни објекти на ул.„Илинденска“ и ул.„120“ во Тетово, пронајдена и со потврда е одземена разновидна опрема која ја користел за реемитување на телевизиски програми, односно преку посебен портал им препродавал ИП-телевизиски канали на заинтересирани корисници, се вели во соопштението од МВР.

Полицијата одзела повеќе парчиња разновидна опрема и други предмети и при претресот кај Б.О. кој, исто така, користел ИП-телевизиски портали за рееметување на домашни и странски канали и од претплата на заинтересирани клиенти остварувал противправна имотна корист.

По целосното рачистување и документирање на случајот на В.О. и Б.О. ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.