На 10 јуни, во раните утрински часови, осомничениот влегол во семејна куќа во Богданци, носејќи со себе опасно орудие – сор со сечиво од 50 см, кој се употребува за рачно сечење гранки. Во дневната соба спиеле сопственикот на куќата и неговата сопруга. Штом се разбудиле осомничениот им се заканил со оружјето, барајќи од оштетениот 75.000 денари за кои сметал дека му ги должи како надомест за одгледување на козите во сопственост на оштетениот. Со сериозна закана со употреба на опасно орудие, осомничениот имал намера да прибави за себе противправна имотна корист, а се обидел да го присили оштетениот да му ги даде парите.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.