Македонскиот претставник Васил Гарванлиев имаше одлична прва проба за полуфиналето кое ќе се одржи на 18. мај.
Екипата во Ротердам е задоволна од првиот настап на македонскиот претставник.
Гарванлиев самиот е автор на песната, а на полуфиналната вечер ќе настапи под реден број 6.
Коментарите околу неговиот настап, песната, а и талентот на младиот пејач од страна на евровизиските фанови се позитивни и охрабрувачки.