Васил Гарванлиев, нашиот евровизиски преставник, заедно со тимот на МРТ, носител на лиценцата за овој избор, ја имаше првата проба на евровизиската сцена во арената „Ахој“ во Ротердам, Холандија.

Според реакциите на присутните и коментарите на официјалниот евровизиски сајт настапот бил одличен, а има и пофалби за стајлингот, креација на модниот дизајнер Раде Василев.

Но, од коментарите поставени под видеото од пробата на Гарванлиев може да се прочита дека токму стајлингот на нашиот претставник е најкоментиран, односно дека е ист со оној на шведската пејачка позната како Дотер која на ланскиот избор за претставник на Евровизија во Шведска се пласираше на второто место.

Дополнително, тоа што останува да се прашуваме е дали шведската продуцентка која е одговрна за нашиот сценски настап, Тине Матулеси, е истата продуцентка и на минатогодишниот настап на шведската пејачка Дотер која за еден бод и избега победата на ланскиот Мелоди фестивал чии победник оди на Евровизија.

Проценете сами:

Поради скратениот буџет за реализација на проектот и условите коишто ги наметна пандемијата, екипата од МРТ која отпатува во Ротердам е исклучително мала. Покрај Васил Гарванлиев во Холандија отпатуваа и Александра Јовановска, новинар кој одлично ги познава евровизиските протоколи и режисерката Тине Матулеси, која го осмисли досега најуспешниот македонски евровизиски настап во 2019 година, но и многу други впечатливи евровизиски настапи.