Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Во наредните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

В сабота, поради продор на постудена воздушна маса, ќе дува умерен, а по должината на Повардарието повремено и силен северен ветер, што ќе предизвика во деновите од викендот намалување на температурата, особено во северните делови.