Сончево и топло време ќе преовладува за време на претстојните велигденски и првомајски празници. Максималната температура наместа ќе достигне и до 30 степени.
Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне, претежно на истокот ќе има услови за појава на краткотрајна изолирана нестабилност. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени. Во Скопје слично време со минимална температура до 8 степени и максимална температура до 29 степени.
Топлото време ќе се задржи до понеделник. Во сабота од крајот на денот и преку ноќта кон недела во западните делови ќе има услови за појава на локален дожд.