И покрај моменталниот прекин на огнот во конфликтот со САД и Израел, повеќе од 26 милиони луѓе во Иран доброволно се пријавиле за воена служба, јавуваат медиуми повикувајќи се на официјални извори.

Регрутацијата е дел од кампањата „Жртвувај го својот живот“, која ја промовира Иранската револуционерна гарда.

Според информациите, волонтерите би биле распоредени заедно со редовната армија и Револуционерната гарда, а се планира и формирање човечки синџири за заштита на потенцијални цели.

Меѓу пријавените, како што се наведува, се и високи државни функционери, вклучително и претседателот Масуд Пезешкијан, членови на владата, како и јавни личности од спортот и културата.

Како доброволец се регистрирал и претседателот на парламентот Мохамед Багер Галибаф.

Иран има околу 90 милиони жители, што значи дека значителен дел од населението се одзвал на повикот во рамки на кампањата.