Канада од денеска го укина случајното тестирање за Ковид-19 на сите свои аеродроми, соопшти канадската Влада.

Суспензијата ќе важи до крајот на јуни, за да им се олесни на патниците долгото чекање на аеродромите во последните неколку недели, соопшти владата.

Поради недостиг на персонал на аеродромот Пирсон во Торонто, патниците и онака неколку часа чекаат безбедносни проверки.