За четири години и пол години Владата предводена од СДСМ реализираше голем број на инфраструктурни проекти, од витално значење за граѓаните на Кавадарци, се вели во соопштението на Горан Тодоров, кандидат за градоначалник на општина Кавадарци од СДСМ.
–Направивме рехабилитација на регионален пат Кавадарци – Росоман. Извршивме изградба на пат Мушов гроб – Мрежичко. Направивме рехабилитација на патот Возарци – Раец – Фариш. Изградивме велосипедска патека од мостот во с.Ваташа до Моклишка воденица. Направивме реконструкција на водоводни линии и атмосферска канализација на улици во с.Сопот. Извршивме реконструкција на коловоз на улици и булевари, два влеза на Кавадарци, како и рехабилитација на локални улиици Илинденска, Браќа Џунови, Дисанска, Блажо Алексов, Пионерска. Изградивме нов мост во с.Ваташа. Направивме реконструкција на водоснабдителен систем, атмосферска канализација и асфалт на улица Клинска и на дел од ул. Методија Џунков Џикот. Извршиме реконструкција на тревна подлога и систем за наводнување на градски стадион Кавадарци. При крај е изградбата и опремувањето на целосно нова детска градинка. Исто така при крај е изградба на спортската сала во ООУ Страшо Пинџур. Направивме изградба на водоводна мрежа за населба Брушани. Доградување и опрема на 2 објекти во детска градинка во с. Марена и Сопот. Извршивме рехабилитација на патен правец Горна Бошава-Долна Бошава, како и рехабилитација на патен правец Кавадарци-Дреново, се вели во соопштението испратено до медиумите.
Со заложба моја како претседател на О.О СДСМ Кавадарци, како и на сите партиски и јавни функционери со помош на Владата на СДСМ, ги реализиравме сите витални проекти за Кавадарци, кои се во вкупна вредност од околу 11 милиони евра. Сите овие проекти ги реализиравме на барање на вас граѓаните, истакнува Тодоров.
На овие локални избори ви го нудиме најдобриот концепт за градот. Најдоброто за Кавадарци, е концепт од граѓаните за граѓаните. Стратегија за развој на нашата општина, која ја базираме на потребите на граѓаните, на нивните идеи и размислувања за сето она што e најдобро за градот и населените места. Во таа насока, приоритетните проекти од мојата изборна програма се: Поврзување со гас на сите семејства и компании во Кавадарци; Изградба на прeчистителна станица; Изградба на бизнис старт ап центар; Проект “Зелено Кавадарци”, со цел здрава и чиста животна средина; Изградба на регионален откупен центар, за конечно решавање на проблемот со откупот на грозје и ниските откупни цени. СДСМ ја има најдобрата понуда за вас граѓание, вели Тодоров.