Сега овие мерки, посочи тој, се донесени заради 2 клучни моменти: – Вирусот не е истиот што беше во ноември. Кумулативниот број на заразени се разликува во однос на оној во ноември.
– Во последните 3 недели се случува еден „бум“ во бројот на новозаразени. Просечниот број се случува меѓу 1200-1300 случаи. Се насобра огромен број на случаи заради тоа што во краток временски период се наполнија болниците. Состојбата е неповолна бидејќи имаме на територијата на цела држава распространетот на вирусот Ковид 19. Но, бидејќи ја менаџираме се уште не би ја оценил за катастрофална. Медицинскиот персонал ни е проблем во моментов. Ниеден пациент не е оставен да страда и да не му се пружи медицинска нега, додаде Караџовски.
Тој потенцира дека здравствените работници се преморени, а доколу се дозволи мерките да не се спроведат ќе се соочиме со колапс на здравствениот систем.
– И минатата недела ја анализиравме состојбата. Не ги донесуваме одлуките од денеес за утре. На неделно ниво се прави неделна анализа. Епидемиолошки ја покриваме состојбата на недела или две. Пет градови во моментов се критични. Епидемиолошкио состојбата е несигурна. Од овие мерки можеме да очекуваме растеретување на здравствените работници. Да им дадеме капка одмор. Понатака да овозможиме здравствените власти да можат да обезбедат нови капациети. Оние капацитети кои во моментов се реновираат или регенерираат да бидат завршени. Да можеме да обезбедиме поголем број вакцини. Светот вели вакцинирај, вакцинирај вакцинирај. Кога ќе имаме поголем број на вакцинирани, ќе се стабилизира и епидемиолошката слика, кажа Караџовски.