– Вирусот не е оној истот кој беше во ноември. Второ кумулативниот број на хоспитализирани болни и лица што беа позитивни се разликува во однос на ноември. Ако тогаш на Филипче му кажувавме дека 800-1000 позитивни случаи на дневна основа сме способни да ги изменаџираме, сега состојбата не е баш така. Зошто? Затоа што во последните 3 недели се случува еден бум во делот на бројот на позитивни случаи, односно просечниот број на позитивни се движи меѓу 1200 и 1300, сме имале и 1400 и 1500, меѓутоа во сабота и недела кога бројките не се релевантни има и по 600 случаи, меѓутоа се акумулираа огромен број на случаи, затоа што во краток период од две-три недели се наполнија болниците, рече Караџовски.
Тој се дообјасни за епидемијата.
– Ние епидемиолозите имаме неколку зборови кои што ја одразуваат состојбата. Сигурна епидимиолошка состојба е кога нема епидемија, второто е несигурна, неповолна и катастрофална. Во моментот ние сме кон ова второто,третото неповолна бидејќи имаме низ целата држава распространето ширење на вирусот, рече Караџовски.