-Тие ја гледаат Бугарија како Занзибар, не ги знаат проблемите а пишуваат така како што напишале. Да ги прашам тие никаквеци во американскиот Стејт департмент, каде видоа тие македонско малцинство? Тие земаат предвид некакви извештаи од соросоидни организации и невладини организации кои ги хранат за да плукаат на Бугарија, изјавил за ПИК ТВ бугарскиот вицепремиер, Красимир Каракачанов.
Според него, членовите на „ОМО Илинден“ се платено малцинство од Скопје, за кои вели дека ги принудуваат да го признаат.
-Какви репресирани Македонци има во Бугарија?! Си пишуваат некакви извештаи, ма што сакаат нека пишуваат. Што не признаат тие во Америка дека има тексашко малцинство или аризонско малцинство. Не, затоа што нивната политиката е да ги интегрира сите и да ги направи Американци. Зошто тие да си ја зајакнуваат државноста а ние нашата да си ја разбиваме?, вели Каракачанов.
Во своето интервју, во рамки на бесплатната предизборна промоција на БНТ, попладнето Каракачанов изјави дека е „апсурд над апсурдите“ барањето да биде признаени македонско малцинство на територијата на Бугарија.