За време на посетата Касами беше информиран за состојбите на терен, додека тој ја пренесе уште еднаш пораката дека Движењето Беса нема да дозволи поддршката за него и Беса во Тетово да се претвори во политичко пазарење.
-Сликата на изборите од првиот круг е јасна, граѓаните дадоа јасна порака дека не се задоволни од актуелната градоначалничка и бараат промени во Тетово, јас и Беса сме биле и ќе бидеме во коалиција со граѓанинот, а не со политичките партии, бидејќи на крајот одлуката е само на граѓанинот. Избирачкото тело се покажа дека е интелигентно и тоа се докажа со гласови, Беса и Билал Касами добија над 10.400 гласа со директен пристап до граѓаните, а сега време е да се дозволи да се соочат изборните програми и граѓаните да ја оценат која програма е најдобра Тетово, истакна Билал Касами кон граѓаните на вчерашните средби.
Кандидатот за градоначалник ги посети изборните штабови во Голема и Мала Речица, Теќе, Тетекс 2, Тетекс 1 и Гам Гам.