Билал Касами, градоначалник на Тетово, од движењето Беса во емисијата 24 анализа вели дека не се работи за затворање на училиштата, додека нема слух од владата ќе најдат начин тие да функционираат.
-Да има оптимални услови децата да учат. Се работи за барање за реогранизација на школската година, два месеци да се продолжи зимскиот реаспуст, а во јуни да се продолжи учебната година до крај на јуни и со настава да се почне на 15 август. На тој начин ќе се штеди и греење и ќе имаат услови за учење. Во моментот во Тетово на учениците им недостасуваат 35.000 книги и додека не обезбедуваме книги, не може да зборуваме за дигитализација и сме подготвени да ги набавиме. Како општина сме подготвени сами да ги обезбедиме книгите. Ако владата обезбедува струја за домаќинствата, треба и за училиштата, рече Касами.